Неизвесен е епилогот од преговорите на Грција и претставниците на ЕЦБ, ЕУ и ММФ.
Тешко оди усогласувањето на ставовите, кои се задачите на Грција за да ја добие поддршката од монетарците за излез од финансиската криза, и да ги добие неопходните 31 милијарда помош.
Групата експерти на , како што се нарекува, „Тројката“ , не прифатила дел од предлозите на грчката влада за мерките за штедење, кои се неопходни.
Најголемо несогласување има за реформите на прекубројниот и неефикасен јавен сектор.
Копјата се кршат и во самата владина коалиција како точно да се спроведе програмата за штедење, која е околу 11,5 милијарди евра.