ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е една од најниско задолжените земји во Европа

Од:

Ниту една манипулација на СДСМ не може да го побие фактот дека Македонија е една од најниско задолжените земји во регионот и Европа. Откако во 2007 и 2008 година ги исплативме долговите кои тие ги направија додека беа на власт станавме една од најмалку задолжените земји. Тоа сме и денеска. Тоа е факт. Тоа го потврдува и европската статистика ЕУРОСТАТ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Кире Наумов, кој кажа дека долгот во последните 100 дена расте по 6 милиони евра дневно.

-Токму ЕУРОСТАТ ги признава и мониторира строгите стандарди според кои денеска работи Државниот завод за статистика. Тоа не беше случај во време на владата на СДСМ кога за четири месеци се сменија четири директори на Државниот завод на статистика. Веројатно Наумов се потсеќа како функционирало кога тие биле на власт, па мисли дека сите работат така. Но не се сите исти, има луѓе кои работат чесно и на кои чистиот образ им е свето нешто.

Во врска со нагаѓањето за висината на долгот, Министерството за финансии како една сериозна и меѓународно признаена институција, работи според официјални податоци на Народната банка на Република Македонија и Државниот завод за статистика, кои исто така се меѓународно признаени институции. Секоја графа во табелите кои ги објавува Министерството има официјален извор. Кој извор го користи Кире Наумов? Никаде не спомнува од каде му се тие податоци, од која институција. Ништо чудно за бивши разузнавач.

За експертската поткованост на Кире Наумов говори фактот дека по 20 години работа на Економскиот факултет не стигнал подалеку од демонстратор, а бидејќи со години не успеал да магистрира морале да го разрешат како помлад асистент.

Но она што е сепак најбитното во сево ова. Дали некој знае да каже на што трошеше пари СДСМ додека беше на власт. На што ги потрошија парите од кредитите кои Владата на ВМРО ги отплаќаше. Еве на што троши и трошеше ВМРО:

– Интензивно се работи на изградба на три автопатски делници, Демир Капија Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид
– Реконструкција на железницата на Коридор 10 и изградба на пругата кон Бугарија.
– Исплативме досега 600 милиони евра субвенции за земјоделците и уште толку ќе исплатиме.
– градиме училишта, болници како нов Клинички центар во Скопје, Клиничка болница во Штип.
– набавивме најсовремена опрема за болниците.
– Младите кои сакаат да студираат во странство имаат целосна стипендија.
– ги покачивме платите и пензиите.
– изградивме ТИРЗ, се отворија фабрики во нив, дојдоа странски инвестиции
– отворени се 120.000 нови работни места, ќе отвориме уште 47.000.

Што направи СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто