Фестивал на органска храна

Од:

Широка палета производи од органско производство, овчо сирење, месо, компири, маслинки, ореви, бадеми, мед,… ќе понуди традиционалниот 7. Фестивал на органска храна што ќе се одржи денеска во трговскиот центар „Капитол“ во општина Аеродром.

Фестивалот го организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), а се совпаѓа со одбележувањето на Зелената недела во светски рамки. Дел од манифестацијата првпат се Организацијата на потрошувачите на Македонија и децата од градинката „Срничка“.

– Целта е да ја промовираме органската храна како најприродна и најздрава, произведена според сите светски стандарди. Новина годинава е тоа што на манифестацијата ја вклучуваме најмладата популација – дечињата од градинките кои се во првата фаза од социјализацијата. Идејата е органската храна да се воведе во овие установи, да се наметне од најмали нозе, рече Моме Младеновски од МЗШВ, задолжен за организацијата.

Државата која повеќе години финансиски го поддржува органското производство, за негова поголема афирмација најавува интензивна кампања, отворање специјализирани продавници за органска храна низ цела Македонија, како и воведување органски производи на менијата во градинките.

Би можело да ве интересира

Велика Британија може да се соочи со недостиг на храна

Горан Наумовски

Контроли на АХВ: Казни, уништена небезбедна храна и спречен шверц на јајца

Горан Наумовски

Зголемените цени на горивото и ѓубривата поради војната ја прават храната поскапа низ целиот свет

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Можно е наскоро да го ограничиме извозот на храна

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра