Поранешен уредник на „Њуз оф д Ворлд“ призна дека учествувал во прислушувањето

Од:

Поранешниот уредник на вести во редакцијата на сега згаснатиот неделник-таблоид „Њуз оф д Ворлд“ Иан Едмондсон, призна на судењето во Лондон, дека учествувал во прислушувањето на говорната пошта од мобилните телефони на низа познати јавни личности во Велика Британија.

Едмондсон (45) ги „читал“ пораките на двајца поранешни британски министри за нaдворешни работи, на пејачката ѕвезда Пол Макартни, како и на актерите Џaд Ло и Сиена Милер, кои во тоа време беа во љубовна врска.

Овој уредник, е еден од осумтемина новинари, уредници и вработени во некогаш најтиражниот британски неделник и во новинската компанија „Њуз Интернешанл“ кои беа изведени на судење во аферата за прислушување, за која британската јавност знае уште од 2006 година.

Едмондсон е дел од групата во која им се судеше и на двајцата поранешни главни уредници на овој весник, Ребека Брукс и Енди Коулсон.

Брукс беше ослободена од сите обвинувања, додека Коулсон, кој од 2007 година премина во политиката, како портпарол на Конзервативната партија, а од 2010 година како директор за комуникации во Дауниннг стрит 10, беше прогласен за виновен и осуден на 18 месеци затвор.

Судењето на Едмондсон се одвива сега, затоа што тој шест месеци помина на лекување.

По признанието дека учествувал во прислушувањето, заедно со други свои колеги, се очекува и тој да биде осуден на затворска казна.

Во текот на судскиот процес беше откриено дека Едмондсон побарал од приватниот детектив Глен Малкејар, кој за весникот ја извршувал оваа нелегална работа, да ја „лови“ говорната пошта на познати луѓе во 344 случаи. При тоа, биле прислушувани и мобилните телефони на неговите главни уредници, Брукс и Коулсон.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство