Утре традиционално по 10 пат, ќе се одржи манифестацијата БЕЛА НОЌ 2014, којашто, официјално ќе биде отворена во 20 часот, во Националната галерија Даут пашин амам, каде што ќе биде организирана изложба насловена како „ЕДЕН ВЕК (РЕТРОСПЕКТИВА)“ од раѓањето на Василие Поповиќ – Цицо, основоположникот на македонската сценографија, карикатурист и сликар.
На изложбата, која за јавноста ќе биде отворена во 20 часот, ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто ќе им се обрати на присутните граѓани.
Во јубилејното десетто издание на БЕЛА НОЌ, што е во организација на Младинскиот културен центар-Скопје, а под покровителство на Град Скопје, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип, кибернетичка уметност), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, дигитални креации), поезија, музика, филм и јавна уметност и урбани точки.
Како и во изминатите години, така и оваа Бела ноќ нејзината програма ќе се одвива на многу локации низ градот, а меѓу нив се: Национална галерија на Македонија објект Даут пашин амам, со изложбата Еден Век (ретроспектива) од раѓањето на Василие Поповиќ – Цицо, основоположникот на македонската сценографија, карикатурист и сликар, Младински културен центар (Галерија МКЦ) со инсталацијата БЕЛО ЗА БЕЛА НОЌ на Атанас Атанасов, Музеј на современата уметност со постојаната поставка СОЛИДАРНОСТА-НЕДОВРШЕН ПРОЕКТ?, ГАЛЕРИЈА АРТЕ со БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, Музеј на град Скопје со изложбата СРЕДНОВЕКОВЕН ФРЕСКО-ЖИВОПИС, ГАЛЕРИЈА 3М со ИЗБОРОТ НА ГАЛЕРИЈА ЗМ, ГАЛЕРИЈА ГРАЛ со изложбата ВО СРЦЕТО НА БАЛКАНОТ – РАКАТА ГЛЕДА, Излoжба на Глигор Чемерски по повод неговото прогласување за почесен член на Руската академија на уметности, ДОМ НА КУЛТУРАТА КОЧО РАЦИН( Голем салон) ПАТИШТА (на Балканот), изложба на Балканската група Турборенесанса, КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР (ИЗЛОЖБЕН САЛОН ИМПЕРИЈАЛ 1) НАДРЕАЛИЗАМ, изложба на Спасе Куновски,Благоја Николовски и Кирил Ефремов и ГАЛЕРИЈА 8, во која за посетителите ќе биде поставена ГРУПНА ИЗЛОЖБА, а сите настани ќе бидат бесплатни и отворени за сите љубители на уметноста.
И годинава во Градското кино Милениум ќе се одржува 24 часовниот филмски маратон на најпознатите и најактуелни хитови од седмата уметност.
Бидејќи е десетто издание на Бела ноќ ќе бидат поставени и 10 музички сцени кои ќе опфаќаат рок, џез, хип-хоп, хеви метал музика, а уметниците ќе потекнуваат од сите страни на светот: Јапонија, Велика Британија, Франција, Австрија и речиси од сите земји на Балканот.
Сите љубители на музиката и уметноста ќе можат да ги погледаат следниве настапи:
-PERPETUUM JAZZILE од Словенија, ќе настапат на ПлоштадПелa– Порта Македонија во 21 часот.
– Propo’88 &BlabberMouf од Холандија, Bvana од Србија, Дивизија, ЏакаНакот(DJ set) ќе настапат во Градски парк – Школка во 21:30 часот.
-Тони Китановски Big band, MuhamedIbrahimi, The Jazzobell Quintet, ИванИванов, Sofia Jazz Formation од Бугарија , ќе настапат на плоштадот Филип Втори во 20 часот.
-Proces од Србија, Selector Lazy Face од Бугарија, DJ Rek од Грција, Geto Rudi, Charlie, Jam Sistazz, ќе настапат на Градска плажа Кастро од 19 часот.
-Женски младински хор, ПроАрс – диригент Сашо Татарчевски, ќе настапат пред Спомен куќата на МајкаТереза во 20:30 часот.
-Steel Temlple, Chromatic Point, Serpentine Fire ќе настапат во летен клуб Хавана во 21 часот.
-ArtanLili од Србија, Silly Boy од Грција, Foolish Green и Green Fuzz, ќе настапат на платото пред МКЦ во 22 часот.
-Ревија на детски песни од фестивалите Златно Славејче, Поточиња и Виножито ќе се одржи во Универзална сала од 18 часот.
-RE:Volt #4: УмЗаум #2/ ќе настапат на плато предЧифте амам во 22 часот.
-ПОЕТСКО – МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС / Парк на литературата, ќе се одржи пред Градска библиотека Браќа Миладиновци од 20 часот.
-ACCIDENT OF EMOTIONS, инсталација во простор Luan Bajraktari (КС), на улица Македонија во 20 часот.
-A SPECIAL PLACE IN THE CITY / SECRET HEART, инсталација во простор на Kolektiva од Словенија на улица Македонија во 20 часот.
„… bojesu u nama …. “ инсталација во простор”…spaCe ..„…проСтор…”spokenword простор на скулптура “sub Motion „ перформанс I.J.PINO& CO, од Хрватска на платото пред Дом на АРМ во 21 часот.
– SТАТЕ, видеоинсталација на Ксенија Јуришиќ од Хрватска во Галерија 8 во 20 часот.
-NEPTUNIZAM, видеоинсталација на Луана Лојиќ од Хрватска во Галерија 8 во 20 часот.
-CONSTRUCTION IN KNEADING, аудио-видеоинсталација, Ryo Ikeshiro од Англија во Џебно кино во 21 часот.
-СТРИП ЦЕНТАР ВЕЛЕС, Стрип работилница во кино Фросина во 19 часот.
-ИМА МНОГУ РИБИ ВО ОКЕАНОТ, НО ЈАС САКАМ САМО ЕДНА, инсталација на Блашка Ми Ева во МКЦ во 20 часот.
-СКОПСКА НОЌ, инсталација на Петра Јовановска во МКЦ во 20 часот.
-СИТЕ ЗАЕДНО, здружение СОЛЕМ во Универзална сала во 18 часот.
-ПРОМОЦИЈА НА АНТОЛОГИЈА НА ЉУБОВНА ПОЕЗИЈА на Мост Око во 20:30 часот.
-SOUL EXTRUDER, Lazy Kidzvizuals, видеоинсталација на платото пред Дом на АРМ во 21 часот.
– БЕЛА НОЌ, Мелеем – инсталација во Градски парк (во близина на Школка) во 20 часот.
– Попладневно матине во Зоолошка градина.
На денот на одржување на Бела ноќ, организиран е бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП од 12:00 до 16:00 часот, како и бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП од 19:00 часот, на сите линии кон центарот на Скопје.