ВИДЕО: Сериозен проблем е промената на инсулинот

Од:

Болните од дијабетис уште еднаш официјално потврдија дека промената на инсулинот е единствениот проблем при нивното лекување, а според искуствата промената видно делува врз нивното здравје.

Оние кои боледуваат повеќе од дваесет години објаснуваат дека промената предизвикува нус ефекти, а советите од лекарите биле инсулинот никако да не се менува.

„Сега кога се нуди наместо левимир што го нема се нуди лантус. Јас би ја кажала разликата. Јас порано бев на лантус и се трудев да ги избалансирам дозите, и секој втор ден бев на болница. Мене лантус не ми одгавараше во никој случај и затоа ендокринилогот ми предложи да преминам на левимир. Зошто јас би се враќала на лантус пак, кога не ми одговараше. Ендокринилозите тврдат дека станува збор за преминување на друг аналог, јас би кажала дека тој е со сосема други состојки. Нас не не поддржа ниту еден ендокринилог, би се повикала на еден светски авторитет д-р Ричард Бенштајн, кој што кажува дека секој пациент е различен и дека кај секој пациент не може да делува истиот инсулин“, изјави Ели Секуловска.

Лекарите пред инсулинската криза им кажувале на пациентите дека секој човек различно реагира на различен инсулин, а веќе поставената терапија не треба да се менува.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски