Припaдници на доброволните одреди на самопрогласената Доњецка народна република имаат целосна контрола врз аеродромот во Доњецк.
Украински војници останале само во подземните комуникациски делови од терминалот, јавија руски медиуми кои се повикуваат на информации од министерството за одбрана на ДНР.
Според соопштението во моментот сепаратисти проведуваат дали во објекти од аеродромот има поставени експлозивни средства.