Гостиварец прободен во грб по кавга со сосед

Од:

Гостиварецот М.Б. (34) задобил три убоди во грбот по расправија со неговиот сосед. Повредениот заради сериозноста на повредите е пренесен на скопските клиники, а напаѓачот е приведен.

Според СВР Тетово, М.Б. , К.Н. (19) и уште едно лице пиеле алкохол во дворот на една куќа во населбата Циглана. Половина час пред полноќ, започнала расправија и од сé уште неутврдени причини помладиот сосед го нападнал М.Б. и со остар предмет го пробол во грбот неколку пати и избегал.

По ранувањето, М.Б. бил пренесен во гостиварската болница, од каде како итен случај е пренесен на скопските клиники. По пријавата, на местото на настанот јавен обвинител и екипа на СВР Тетово извршиле увид.

Осомничениот набрзо е најден и приведен. По расчистување на околностите кои довеле до ранувањето, во текот на денот се очекува на К.Н. да заработи соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата