Во Младешкиот театар „Николај Бинев“ во Софија вечер во рамки на фестивалот „Панаир на младите“ премиерно ќе биде изведена претставата „Буре барут“ на режисерката од Македонија Ана Батева.
Претставата е работена според две драми на Дејан Дуковски („Буре барут“ и „М.М.Е. Кој прв почна“) и засега социјални теми за животот на Балканот, балканскиот менталитет и перцепција за светот и животот.
– Целата суровост и трагедија од пропаднатиот живот е претставена во формата на кабаре, каде преку иронијата, сатирата и кабаретните песни исполнети од оркестар на живо, не директно, но на потсвестно ниво ќе го натераат гледачот да се замисли за основните морални прашања и вредносен систем, кој во последно време драстично деградира или веќе воопшто и не постои. Затоа што за да стигнат лесно и брзо до гледачот вистините за неговиот сопствен живот треба да не го предизвикуваат судот на неговиот разум, изјави режисерката Батева, која минатата година дипломираше театарска режија во Софија, каде што и работи.
По вечерашната премиера, нејзината претстава ќе остане на редовниот репертоар на театарот „Николај Бинев“.