Во Велес Поетски митинг на автори од Македонија

Од:

Во Младинскиот парк во Велес кај мовчето на фонтаната, симболично, синоќа се одржа четвртиот поетски митинг, кој го организира локалната библиотека „Гоце Делчев“ со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, под покровителство на Општина Велес.

На поетскиот митинг учествуваа 32 афирмирани и нови поетски имиња од Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Неготино и Штип членови на Сојузот на писателски организации и локалните писателски клубови од овие градови.

Директорот на локалната библиотека „Гоце Делчев“ Игор Крајчев, писател и организатор на манифестацијата вели дека целта на манифестацијата е поетите на отворено со своите стихови да им се приблажат на граѓаните и воедно, новите поетски имиња да бидат промовирани и да се запознаат со веќе афирмираните писатели.

– Секој граѓанин што случајно во ова време се најде во Младинскиот парк ќе може да ја проследи манифестацијата и да слушне од најновото творештво на поети од својот град и  од Македонија, потенцира Крајчев.

Тој појаснува дека нивната цел е оваа манифестација еден ден да се приближи и биде рамна со традиционалната манифестација „Рацинови средби“ што секоја година се одржува во Велес, градот на поетот Коста Солев Рацин.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот