Обновувањето на вооружените борби во Украина може да доведе во катастрофа не само во земјата, туку и во целиот регион, предупреди генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
– Обновувањето на воените актовности може да предизвика катастрофа во Украина, во регионот и пошироко, се наведува во соопштението на Бан.
Бан ги повикува сите страни строго да се придружат кон обврските од договорот постигнат на 19. септември во Минск со цел за брзо постигнување на примирје.
Генералниот секретар на ОН, исто така, ја истакнува потребата од зголемување на политичките и дипломатски напори за постигнување на целта.