Осумдесет луѓе биле во директен или индиректен контакт со пациентот од Тексас кој е болен од ебола и кој се наоѓа во тешка состојба, соопштија денеска американски здравствени претставници.
Меѓу 12 и 18 лица потенцијално биле изложени на вирусот преку заразениот Томас Ерик Данкан, кај кого првите симптоми биле забележани неколку дена по неговото враќање во американската сојузна држава Тексас од Либерија.
На четворица членови од семејството на Данкан им е наредено да останат дома и да не примаат посетители до 19 октомври поради периодот на инкубација на болеста.