Папата ги повика ватиканските дипломати на советување за блискоисточната криза

Од:

Папата Франциско денеска ги свика на вонредно советување високите претставници на Римската курија и дипломати низ светот, кои следните три дена ќе ја разгледуваат ситуацијата на Блискиот Исток и иницијативите на Ватикан за помош на населението во регионот.

Римската курија е управувачкиот апарат на Светата столица и главниот орган, преку кој папата раководи со Католичката црка и Ватикан.

На советувањето учествува државниот секретар (функција идентична на премиер во секуларни држави) кардиналот Пјетро Паролин, неговиот заменик, монсињор Анџело Бечу и секретарот за односи со државите (идентично на министер за надворешни работи) монсињор Доменик Мамберти, како и префектите на двете конгрегации и претседателите на пет папски совети. Повикани се, исто така, и папските нунции (амбасадори) во Египет, Ерусалим (ополномоштен за Израел и Палестина), Иран, Јордан (со полномоштво за Ирак), Либан, Сирија и Турција, како и постојаните претставници на Ватикан во ОН и во Европската унија.

Во август папата Франциско за свој личен пратеник во Ирачки Курдистан го назначи префектот на Конгрегацијата за доктрина на вера кардиналот Фернандо Фелони со мисија непосредно да ја следи судбината на бегалците, протерани од џихадистите од Исламска држава. Тогаш папата го упати и повикот, што на кратко, е синтеза на неговата позиција: „Не се мрази и не се води војна во името на Бога!“.

Ова советување на највисо ниво во Ватикан, посветено на кризата на Блискиот исток, ќе заврши во сабота.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска