Сообраќаец застрелал мотоциклист кој не застанал на негов знак

Од:

Полицаец од Радовиш застрелал мотоциклист кој не застанал на негов знак додека го регулирал сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 12-ти септември, М.К.(30) од Радовиш, вработен како полицаец, бил ангажиран за вршење службени задачи од областа на сообраќајот. Тој му дал знак на еден мотоциклист да застане, а откако тој не ја испочитувал наредбата и го продолжил движењето, полицаецот од службениот пиштол испукал два куршуми, погодувајќи го М.И.(28) од село Почивало, штипско, во пределот на коленото.

Од преземени мерки било утврдено дека М.К. го употребил огненото оружје иако не биле исполнети условите за истото. Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизивкување општа опасност“.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он