Во Швајцарија разбиена огромна мрежа за меѓународна трговија со дрога

Од:

Полицијата во Женева разби голема меѓународна мрежа за трговија со дрога, соопштија денеска властите во кантонот Женева.

Во операцијата се уапасени 15 припадници на мрежата од целиот свет, а седум од нив се уапсени од женевската полиција. Петмина од уапсените наскоро ќе биудат изведени пред женевски суд.

Мрежата е разбиена од единица на судската полиција на аеродромот Женева-Куентрен во соработка со полициите на европски земји и други држави во светот. Во истрагата учествувале швајцарски, холандски, белгиски, аргентински и бразилски полициски служби.

Во операцијата за разбивање на мрежата на различни локации во светот се конфискувани вкупно 45 килограми кокаин.

Истрагата покажала дека организацијата, која се состоела претежно од танзаниски шверцери, ги снабдувала со кокаин пред се Велика Британија, Швајцарија и Турција, а дрогата била носена од Аргентина и Бразил.

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра