Костадиновски: ВМРО-ДПМНЕ има јасна цел – современо, конкурентно земјоделство

Од:

Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ, актуелен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска на прес-конференција се осврна на сработеното во аграрот изминатите 100 дена.

Како што нагласи, ВМРО-ДПМНЕ има јасна цел – македонското земјоделство да го издигне на толку високо ниво што ќе може на пазарите да се држи рамо до рамо со останатите.

– Свесни сме дека пред нас стојат голем број предизвици кои се резултат на недоволниот ангажман на владите во минатото или предизвици кои се појавуваат поради други фактори, но сме подготвени да се соочиме со нив и да изнајдеме заедничко решение, рече Костадиновски.

Оваа Влада, додаде, е сигурен партнер на македонските земјоделци, го цени нивниот труд и тие можат да бидат убедени дека секогаш, во секоја ситуација, ако има потреба, ќе им понуди помош и поддршка.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како во целиот овој изминат перид, така и во последните сто дена особено посветено работи во правец на зајакнување на капацитетите на македонсото земјоделство, како и на стандардот на земјоделците. Продолживме  со силната поддршка преку субвенционирањето. Само за идната година предвидовме над 140 милиони евра. Преземени беа и низа други мерки и проекти кои треба да помогнат во модернизација на македонскиот аграр и негова поголема конкурентност на европските и светските пазари, истакна Костадиновски.

Посочувајќи низа од спроведените активности, нагласи дека се успешно поднесени 74.000 барања за субвенции од кои дел се веќе исплатени, направени се измени на Програмата за рурален развој, во тек е потпишување 612 договори со земјоделци кои преку оваа програма ја обновија својата механизација и опрема, почна реформата за подобрено управување во водостопанството, дефиниран е планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура за периодот 2015  – 2025 година, привршува изградбата на системот за наводнување на Маркова река – Куклиш, почна процедурата за изградба на браната Коњско, изработен е нацрт-документ за Програмата ИПАРД 2,….

Заштита на автохтоните раси, изградба на нови откупно–дистрибутивни центри за зеленчук и овошје во Валандово-Јосифово, Босилово, Струмица, Могила и Градско, развој на ловството, измени на Законот за квалитет, се исто така дел од проектите на оваа Влада.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината