САД се уверени дека инфраструктурата ќе им помогне да избегнат ширење на Ебола во земјата, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.
Вчера лекарите го потврдија првиот случај на заболен од Ебола во САД.
Пацеиентот, кој неодамна влегол во САД од Либерија, се наоѓа во клиника во Далас.
Претседателот на САД Барак Обама е информиран за случајот.
– Изразуваме увереност дека современата инфраструктура на САД ќе овозможи да се спречи епидемија на Ебола, изјави Ернест.