Бесими во посета на Подгорица

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими кој престојува во еднодневна работна посета на Подгорица, имаше средба со потпретседателот на Владата на Црна Гора и министер за надворешни работи и европски интеграции Игор Лукшиќ.

На средбата беше истакната важноста за што поскоро интегрирање на државите од Западен Балкан во Европската Унија со цел постигнување стабилност, развој, демократски и економски просперитет.

Фокусирајќи се на процесот на македонската евроинтеграција, вицепремиерот Бесими ги истакна последните постигнувања на земјата во однос на членството во ЕУ при што нагласи дека европската интеграција останува стратегиски приоритет за државата. Тој информираше дека Владата продолжува посветено да работи на реформите во доменот на владеење на правото, изборната реформа, слободата на изразување и медиумите, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, унапредувањето на меѓуетничките односи, како и зголемување на економскиот раст и вработувањето.

Воедно потенцира дека билатералната и регионалната соработка во областа на ЕУ интеграцијата може да биде многу корисна за земјите од соседството. Со тоа тие ќе испратат позитивна порака за цврстата определба за исполнување на критериумите за пристапување.

Соработката меѓу Македонја и Црна Гора, додаде, може да биде дополнително зајакната со воспоставување заеднички тематски работни групи кои можат да разменат искуства и да споделуваат идеи на техничко ниво.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски