Најмалку 10 луѓе загинаа во денешниот артилериски напад врз Доњецк, источна Украина, соопштија локалните власти
Четворица загинаа, а осуммина се повредени кога граната паднала во близина на училиште. Според очевидците меѓу загинатите се учител и родител.
Шест лица загинаа, а еден е повреден кога граната на украинската армија погоди минибус.
Министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка народна република соопшти дека минибусот бил погоден од граната при што загинале осум лица.