Ирачки воени пилоти фрлиле муниција и пакети со храна на џихадистите од „Исламска држава“, откако по грешка ги зеле за своите војници, јавија американски медиуми.
Според пратеник од ирачкиот Парламент Хаким ал Замили, неколку пилоти фрлиле вода, пакети со храна и муниција над реон, контролиран од џихадистите.
– Нашите пилоти немаат доволно искуство и на тој начин ние „помонавме“ на борците. Станува збор за млади пилоти, кои штотуку стапија на служба, додал тој.