САД вложуваат големи напори за следење на странците што се борат во Сирија

Од:

САД вложуваат голем и концентриран напор за следење на странци, кои се борат во Сирија, што е можно да планираат напади на американска територија, изјави американскиот министер за внатрешна безбедност Џеј Џонсон.

Околу 12.000 луѓе од целиот свет патувале до Сирија во изминатите три години со цел да се вклучат во граѓанската војна во редовите на вооружени групи како Исламска држава, изјави Џонсон, кој е во посета на Канада.

– Вознемирени сме од тоа, дека овие странски борци можеби се приклучиле кон ИД или други екстремистички групи во Сирија, како и дека може да бидат врбувани од овие групи за извршување на напади во други држави, истакна Џонсон.

Американскиот министер за внатрешна безбедност додаде дека ФБИ досега уапсиле неколку лица што се обиделе да заминат од САД за Сирија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас