Тројца ирачки полицајци загинаа во северниот дел на Ирак, додека се обидувале да симнат знаме на групата „Исламска држава“, поврзано со експлозив, соопшти локалната полиција.
Еден од полицајците се обидел да го симне знамето на ИД, што било поставено во област, од која исламистите претходно биле принудени да се повлечат.
Знамето било поврзано со скриен експлозив што се активирал кога едниот од полицајците се обидел да го откачи. Во експлозијата загинаа тројца полицајци, соопшти полицијата во градот Дахук.