Камерон: Повеќе сум загрижен за единството на Велика Британија, отколку за останувањето во ЕУ

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека „илјада пати повеќе“ е загрижен за целовитоста и единството на Велика Британија, отколку за тоа дали земјата ќе остане во ЕУ.

Изјавата на Камерон доаѓа во текот на одржувањето на есенската партиска конференција на Конзервтивната партија во Бирмингем, како и по „пребегнувањето“ на двајца конзервативни пратеници, во евроскептичната Партија на независност на Обединетото Кралство (УКИП).

Според британскиот премиер, кој најави референдум за напуштање на ЕУ, до крајот на 2017 година, доколку неговата партија сама победи на изборите за седум месеци, британската иднина во ЕУ ќе биде определена врз „прагматична позиција“.

– Ако не чувствувам дека е во британски интерес да биде дел од ЕУ, тогаш нема да расправам околу тоа, ниту да ги разуверувам другите, рече Камерон во разговор за радио Би-Би-Си.

Тој повтори дека пред референдумот ќе се одржат преговори со Брисел околу позицијата и местото на Велика Британија во заедницата од 28 земји.

Камерон, меѓутоа, признава дека сосема е друга работата, кога станува збор за земјата, признавајќи дека заминувањето на Шкотска, доколку на неодамнешниот референдум победеа сепаратистите, мошне тешко би го погодило и би останал „скршен од болка“.

Бегството на двајцата доскорешни торевци во УКИП на Најџел Фараж, ги потресе редовите на конзервативната партија, која сега ќе мора на вонредни избори, во две изборни единици, да се натпреварува со оваа партија, која на тие места ќе ги постави за свој кандидати, доскорешните конзервативци.

Во објаснувањето за домашната јавност, пратениците-бегалци објаснуваат дека позициите на Фараж, кој заговара сега и веднаш да се напушти ЕУ, се поблски до нивните верувања, отколку позициите на премиерот Камерон и на неговиот тим.

Камерон во разговорот за Би-Би-Си, не прифаќа дека европската политика ја потресува неговата партија и тврди дека врз европската кауза се гради единството меѓу најголемиот дел од делегатите на годинешнава конференција на конзервативците во Бирмингем.

Поранешниот владин министер и предводник на евроскептиците меѓу ториевците, Џон Редвуд, во разговор за „Дејли Телеграф“ на индиректен начин му порача на Камерон дека не мисли како него,па ги предупреди бизнес лидерите во Велика Британија кои се противат на заминувањето од ЕУ, дека „ќе платат скапа и висока цена“ ако агитираат за останување во Унијата.

Водството на конзервативците не реагираше јавно на ваквата позиција на Редвуд, која остро ја осудија бизнис лидерите. Но поранешниот министер за финансии и најголем еврофил меѓу ториевците, Кен Кларк го критикуваше Редвуд, споредувајќи ги неговите позиции со оние на шкотските сепаратисти, кои им се закануваа на тамошните бизнисмени, ако навиваат за останувањето на Шкотска во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство