Џихадисти од Исламска држава објавија нова видео снимка на која се гледа британскиот фотограф Џон Кентли, кој работел за „Сандеј тајмс“, пред да биде киднапиран во 2012 година.
На снимката која што е насловена „Позајми ми ги твоите уши“ фотографот го критикува Запад и неговата политика и го исмеа говорот на Барак Обама од 10-ти септември, кога тој најави нови стратегии за напад на исламистите во Сирија.
Кентли сириските сојузници ги нарече корумпирани измамници и истакна дека воздушните напади нема да имаат никаков ефект.
Е. Г.