Евростат: Невработеноста во ЕУ продолжува да се намалува

Од:

Невработеноста во Европската унија продолжува да се намалува и изнесувала 10,1 проценти во текот на минатиот месец, што е за 0,1 отсто помалку во споредба со јули 2014 година, покажуваат последните податоци на Европската канцеларија за статистика (Евростат).

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, оваа бројка е најниска во споредба со последното мерење на невработеноста кај земјите-членки на Унијата од февруари 2012 година. Според Евростат, невработеноста во рамки на Еврозоната изнесувала 11,5 отсто во август 2014 година, што во споредба со јули 2014 е стабилно, но има надолен тренд во споредба со 12,0 проценти во август 2013 година.

Евростат проценува дека 24,6 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 18,3 милиони во Еврозоната биле невработени во август 2014 година. Во споредба со јули 2014 година, бројот на невработени лица се намалил за 134.000 во Унијата и за 137.000 во Еврозоната. Во споредба со август 2013 година, невработеноста паднала за 1.745.000 лица во ЕУ и за 834.000 во Еврозоната.

Меѓу земјите-членки, најниска стапка на невработеност е регистрирана во Австрија (4,7 отсто) и Германија (4,9%), а највисока во Грција (27,0 проценти) и во Шпанија (24,4%). Во споредба со податоците од пред една година, стапката на невработеност паднала во 22 земји-членки, а се зголемила во четири и останала стабилна во две ЕУ-земји.

Најголем пад на невработеноста е регистриран во Унгарија (од 10,2% до 7,8% во периодот меѓу јули 2013 и јули 2014 година), Португалија (16,1% до 14,0%), Шпанија (26,1% до 24,4%) и Хрватска (18,2% до 16,5%), а најголеми зголемувања се регистрирани во Финска (од 8.1% до 8.6%) и во Франција (10,2% до 10,5%). Во август 2014 година, стапката на невработеност во САД била 6,1 проценти, што е намалување од 6,2 отсто во споредба со јули 2014 година, и од 7,2% во август 2013 година.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Околу 13,2 милиони луѓе се невработени во ЕУ