ЧЕЗ ќе отпушти околу шест проценти од вработените

Од:

Раководството на најголемата чешка енергетска компанија ,,ЧЕЗ” потврди дека поради преструктуирање на компанијата ќе отпушти околу шест проценти од вработените, јави дописникот на МИА од Прага.

Според директорот на полудржавниот гигант, Даниел Бенеш, отпуштањето на околу 1.500 вработени, како и намалување на бенефитите на останатите, над 25.000 работници ќе биде преземено заради потребата од штедење иако фирмата се уште работи добро. Во последно време ,,ЧЕЗ” се соочува со проблеми, поврзани со нејзиното проширување во југоисточна Европа, од каде компанијата почна да се повлекува.

Неодамна од ,,ЧЕЗ” беше најавен интерес за преземање на дветретински удел во најголемиот производител на електрична енергија во Словачка како и учество во полската енергетска компанија.

Рестриктивните мерки, ,,ЧЕЗ” ги презема поради намалувањето на цената на електричната енергија предизвикана според Бенеш од ,,несовладливиот проект” на европската енергетска политика.

– Во Европа се зборува за либерален енергетски пазар, но истовремено секоја земја си создава свои услови и дотациски програми, рече Бенеш, додавајќи дека на тој начин пазарите не се соединуваат туку се распаѓаат. Бенеш најави дека цената на електричната енергија би се зголемила по 2016 година, а порастот ќе се забрза по 2020 година.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага