Курдските милиции почнаа денеска офанзива на три фронта во Северен Ирак против сунитската џихадистичка група Исламска држава.
Операциите почнале утрово по локално време северно од Мосул, кој е под контрола на исламистите, јужно од Киркук и во град на границата со Сирија.
Меѓународната коалиција предводена од САД изврши денеска воздушни напади во реонот на Кобане во момент кога џихадистите се пред сирискиот курдски град на границата со Турција.
Исламска држава од вчера се приближи на пет километри од Кобане и центарот на градот беше погоден со проектили.