Џихадистите ќе го освојат Багдад?

Од:

Во предградието на Багдад се водат жестоки борби помеѓу припадниците на Исламска држава и ирачките владини сили. Наспроти воздушните удари врз нивните позиции, ИСИС само два километри е одалечена од градот, соопшти на „Фејсбук“ Фондацијата за помош и помирување на Блискиот исток.

Борбите се одвиваат на околу два километри од западниот дел на Багдад, каде што владините сили очајнички се обидуваат да се спротивстават на нападите на милитантните сили, чии што припадници во тек на последните судири наводно убиле дури 1.000 војници.

Дека состојбата навистина е таква потврди и свештеникот Ендру Вајт, верски лидер на една англиканска црква во градот.

-Воздушните напади ништо не вредат. Сега нашите молитви ни се потребни повеќе од кога и да било -објави тој на „Фејсбук“.

Исламска држава досега зазеде неколку градови и села во близина на ирачката престолнина, а нивното молскавично напредување на запад на државата предизвика ослабнување на владините сили и им овозможи на терористите да го прошират подрачјето под своја контрола, кое што го нарекуваат калифат.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак