Австралиската авио-компанија Квантас воспостави најдолга нон-стоп линија во светот со најголемиот патнички авион.
Ербас А380 слета ноќеска на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт 15 часа по полетувањето од Сиднеј во Австралија откако помина 13.805 километри.
Двоспратниот 4-моторен млазен авион пренесе 484 патници. Квантас и претходно леташе на линија Сиднеј-Далас со Боинг 747, со преместување во Бризбејн, Австралија.
Билетите за лет со Ербасот на таа линија чинат од 1.900 долари за економска класа односно 12.000 за прва класа каде се добива пижама и седиште кревет со душек од јагнешко крзно.