Полицајка од Гевгелија заработи кривична пријава

Од:

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Н.С.(36), полицајка во Гевгелија заради постоење основано сомнение дека сторила кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Н.С. на 14.06.2014 година и покрај отсуството од работа изготвила наредба за работа подолга од полното работно време, а изготвила и службени материјали за задржани лица, во кои внела невистинити податоци и истите ги потпишала во име на други вработени со преправање на нивниот потпис, а потоа ги доставила до непосредниот раководител.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани