Британскиот министер за граѓанско општество Брукс Њумарк (56) поднсе оставка откако добил информација дека „Сандеј тајмс“ ќе објави дека на интернет испратил своја експлицитна фотографија.
Како што пренесе „Франс прес“ тој побарал да „се почитува приватноста на неговото семејство“ и додал дека ѝ останува лојален на политиката на британската влада.
Њумарк разменил серија експлицитни фотографии, меѓу кои и една во облека за спиење, со новинар кој што се претставил како млада активистка.
Тој ја повикал „активистката“ да се сретнат за време на конференцијата на Конзервативната партија, која започнува во недела.
Канцеларијата на британскиот премиер Дејвид Камерон соопшти дека премиерот ја прифатил оставката на Њумарк и дека неговото место ќе го добие конзервативниот пратеник Роб Вилсон. Инаку како што пренесе француската агенција Њумарк е оженет и е татко на пет деца.
Е. Г.