Русеф ќе остане на чело на Бразил?

Од:

Бразилската претседателка Дилма Русеф идниот месец би можела да освои втор претседателски мандат на изборите, бидејќи анкетите покажуваат дека е подобрен нејзиниот рејтинг.

Постои можност таа да ја победи Марина Силва, доколку тие две се најдат во вториот изборен круг.

Агенција „Датафола“ соопшти дека 47 проценти од избирачите ја подржуваат досегашната претседателка од Работничката партија, додека 43 проценти би гласале за Силва која што е кандидат од Социјалистичката партија.

Според последното истражување во првиот круг на 5-ти октомври Русеф ќе добие 40, а Силва 27 проценти од гласовите.

Инаку во октомври Бразилците ќе гласаат не само за претседател, туку и за национален конгрес, гувернери и парламенти на сојузните држави.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск