А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од премиерот Груевски по повод денот на Бошњаците

by А1он28/09/2014 - 12:08203
Share0

Премиерот Никола Груевски  денеска упати честитка до припадниците на Бошњачката заедница во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Од име на Владата на Република Македонија, како и од мое лично име, дозволете ми да ви пренесам искрени честитки и желби за мир, благосостојба и просперитет на вас и вашите најблиски по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, се вели во честитката.

Континуитетот на одбележување на ваквите празници, како што е наведено, уште еднаш ја потврдува природата на нашето општество како култура на толерантни, инклузивни и добронамерни луѓе, кои на верската и етничката разноликост гледаат како на придобивка и вредност, како и можност за зближување на граѓаните и единство.

– Силно почитувајќи ја вашата посебност и идентитет, дозволете ми да ве поздравам и да ви посакам радосни празнични денови. Меѓусебното почитување и вредностите што ги негуваме претставуваат одлична основа за заеднички ангажман на сите човечки ресурси со кои располага нашата држава. Успехот на поединецот е успех и на државата, а заедничките успеси гарантираат континуиран развој, стабилна, напредна и просперитетна Република Македонија, како наш заеднички дом, како дом на нашите деца и на сите идни генерации, стои во четситката од претседателот на Владата.

Владата останува посветена на развојот кој треба да донесе заеднички успех и напредок на сите граѓани.

– Единството е тоа кое создава услови тој напредок да е реален и остварлив, а припадниците на бошњачката етничка заедница подеднакво придонесуваат и се составен дел од тие заеднички напори, вели Груевски во честитката до Бошњачката етничка заедница.

praznicipremier

Би можело да ве интересира

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он01/06/2026 - 16:06

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:55

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:00

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Горан Наумовски05/12/2025 - 14:57

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он03/12/2025 - 19:5403/12/2025 - 20:00

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто