Два британски авиона полетаа денеска во прва мисија во Ирак против екстремистичката Исламска држава, само еден ден откако британските парламентарци одобрија воздушни удари.
Британското МО потврди дека два авиона Торнадо полетале од база на Кипар. Авионите, според Би-Би-Си, се вооружени со ласерски наведувани ракети и бомби.
Во базата на Кипар во целосна подготвеност се шест борбени авиони Торнадо ГР4 и би можеле веднаш да се приклучат на воздушните напади.
Пратениците во парламентот вчера прецизираа дека нема да се испрќаат копнени сили во Ирак, а приклучување во воени акции во Сирија бара дополнителна одлука.