Во угостителски објект во Кичево вчера во 19:45 часот, при расправија меѓу С.А. (33) и Ш.А. (30) двајцата од Кичево, дошло до тепачка во која лицата со тупаници си размениле по неколку удари во пределот на главите и телата.
Во еден момент Ш.А. со нож му нанел на С.А. убодна рана. С.А. е пренесен во Медицинскиот центар – Кичево.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.