Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, од оваа прва среда во месецот започнува редовна комуникација со инвеститорите кои работат со општината.
На средбите, инвеститорите ќе го запознаат градоначалникот со реалните проблеми кои ги мачат во комуникацијата со општинската администрација.
Со ова ќе се забрза процедурата на вадење документи и целата постапка околу отпочнување со градба, што е взаемен интерес и на општината и на инвеститорите.
Првата средба ќе се одржи на 01.10.2014(среда) од 12 до 14 часот во кабинетот на градоначалникот Жерновски.
Ова е нова комуникација и остварување на транспарентноста на општината. Секоја последна средба во месецот се одржуваат средби на Жерновски и неговиот тим со граѓаните, а редовно се оди на директни средби во населбите во Центар.