Синдкататот за образоание на САД упати писмо на поддршка до македонските наставници кои најавија штрајк во понеделник. Синдикатот за образование на САД го известил и државниот секретар на САД, Џон Кери, дека во Македонија се донесе закон за основно и за средно образование според кои, наставниците што штрајкуваат, експресно ќе бидат заменети со други, односно со штрајкбрехери.
Во писмото се вели:
„Во име на сите 1.6 милиони членови на Синдикатот за образование на САД, сакаме да изразиме поддршка за членството и лидерството на СОНК во спротиставувањето на промените во државниот Закон за основно и средно образование кои ефективно го поништуваат правото на штрајк. Овие промени, кои од директорите на училиштата бараат смена на работниците кои штрајкуваат, директно ја прекршуваат Конвенцијата бр. 87 на Меѓународната организација на трудот односно „Слободата на право на организирање и заштита на правото на организирање“.
Повеќе од дваесет години, Македонија е потписник на овој стандард од суштинско значење. Обидот на владата да ја заобиколи оваа основна обврска кон нејзините граѓани е неверојатен. Ви се придружуваме во Вашиот повик до Владата за отповикување на оваа незаконска мерка, и повторно враќање кон фер преговори како дел од социјалниот дијалог. Вашиот Устав јасно нагласува „Член 38: Правото на штрајк е гарантирано“.
Синдикатот за образование на САД е горд што соработува со СОНК повеќе од десет години. Ќе продолжиме со нашата поддршка во борбата за тоа што е правилно за наставниците, учениците и нивните заедници како и за државата“, се вели во писмото од американскиот синдикат потпишано од д-р Лорета Џонсон, секретар на Синдикатот за оразование во САД. Писмото за поддршка на македонскот синдикат е испратено и до претседателите на интернационалните синдикати и други светски синдикални институции.
А.Б.