Британскиот премиер, Дејвид Камерон и се извини на кралицата Елизабета II и изјави дека истото ќе го повтори кога ќе се сретнат, бидејќи без да знае дека го снимаат, рекол дека таа многу се радувала кога ги дознала резултатите од референдумот во Шкотска.
-Лично ѝ се јавив за да ѝ ги кажам резултатите, „предеше“ на телефон. Не сум слушнал некој толку многу да е среќен- му рекол Камерон на поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, на прием во Генералното собрание на ОН, без да знае дека се вклучени камерите.
Тој за „ВВС“ изјави дека се срами поради тоа што го рекол и дека веќе се јавил во Бекингемската палата, за да и се извини на кралицата, но дека тоа повторно ќе го направи кога ќе ја сретне.
Е. Г.