Патриша Хјуитстон не го знаела потеклото на мистериозно растение кое изникнало во нејзината градина. За да најде одговор се обратила за помош до Би-Би-Си во емисијата „The Potting Shed“.
Имено, пензионерката на водителите од емисијата им испратила е-маил со фотографии од растението кое било висок еден метар, по што тие ја известиле дека станува збор за канабис.
– Сметаме дека одгледувате илегално растение во својата градина и мора нешто да преземете по тоа прашање, и рекле водидителите на емисијата во живо.
Изненадената пензионерка потоа додала дека растението има има интезивен мирис. За првпат го забележале во јули, по што го прашала сопругот, кој инаку студирал ботаника, за кое растение станува збор, а тој и рекол дека „тоа не е ништо за кое би требало да биде загрижена“.
Растението потоа и го оддземале, а локалната полиција донела одлука да не презема никави правни мерки против Хјуитстон, затоа што немала никава намера за поседува легална дрога.