Две и пол годишниот Метин Мемети од Струга подолго време се храни исклучиво само со т.н. назогастрична сонда, поради еден несреќен случај, кога се здобил со тешки последици по неговиот организам. Во текот на септември мината година, доживеал несреќа од некоја се уште неидентификувана токсична материја, иако лекарите сметаат дека не станува збор за неизлечива болест
По несреќниот случај помош е побарана во Универзитетската клиника за детски болести, оддел за пулмологија, каде Метин бил примен со симптоми на интоксикација, а лекарите воспоставиле дијагноза “Post intoxicatio cum corosiva” (T54.9 недефинирана корозивна супстанца, која на Метин му ги оштетила органите за голтање).
По третирањето на детската клиника, Метин е префрлен во специјализираната болница Систина, каде се хранел исклучиво со помош на т.н назаогастрична сонда. Било утврдено дека на малиот Метин му се оштетени гркланот и другите голтни органи, така да освен течни хранливи материи не може да голта ништо друго
Болеста според лекарите не е неизлечива, но терапијата е релативно скапа, посебно во ситуација кога неговите родители се наоѓаат во тешка материјална состојба. Две ипол годишниот Метин, чека помош од сите хумани луѓе, но и од државата за да помогнат во некоја специјализирана клиника да се изврши неопходниот оперативен зафат за да се поврати виталноста и функцијата на грлото но и насмевката на неговото лице. Лекарите предвидуваат подобрување на состојбата но само доколку се направи потребната операција.
Мики Трајковски