СДСМ: Македонија во 2015 година ќе плати за камати 25 милиони евра повеќе од лани

Од:

Да мислеа Ставрески и Груевски на платите и пензиите на граѓаните, немаше да дозволат да им зависат од милоста на странските кредитори и при тоа повторно да бидат најниски во регионот, според официјални меѓународни независни институциии, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за Буџетот.

Македонија во 2015 година ќе плати за камати 25 милиони евра повеќе од лани.

Или, граѓаните на Македонија за своите плати и пензии, преку задолжувањата што им ги прави власта, ќе платат и камати од неверојатни 100 милиони евра.

Ова е вистината колку ВМРО-ДПМНЕ мисли на егзистенцијата на сегашните и идните генерации граѓани во Македонија.

Како што е вистина дека субвенциите се исплаќаат само пред избори, а ставката за 2015 е помала за 2 милиона евра.

Како што е факт дека во 2009 и 2010 година власта на Груевски реализирала само 68 проценти од планираните капитални инвестиции. Во 2011 се оствариле 74 проценти од најавените капитални расходи. Во 2012 реализацијата пак паднала на 68 проценти. Истото ниво на реализација се задржува и 2013 и во 2014 година.

Сега Ставрески и Груевски бараат од нас граѓаните да веруваме на нивното “ќе“ за 2015 година.

ВМРО-ДПМНЕ како и јавноста добро знае дека СДСМ не е во Собранието поради криминалните избори.

Ако партијата на Никола Груевски сакаше со аргументи да разговара за буџетите што ги носи и за огромните трошења пари на граѓаните, немаше од нервоза со полиција да ја исфрли опозицијата надвор од Собранието, како што го сторија тоа на 24 декември пред две години, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело