Франција првпат изврши воздушни напади во Ирак од како на 19 септември се приклучи кон меѓународната коалиција во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави владиниот портпарол Стефан ле Фол.
Нападите биле извршени утрово од француски авиони-ловци.
Исламистичка група, поврзана со ИД, вчера објави видео снимка, на која е прикажано обезглавување на еден француски државјанин, кој бил киднапиран од нејзини активисти во Алжир.