Американската амбасада во Анкара ги предупреди своите државјани во Турција да бидат внимателни, бидејќи постои можност за извршување терористички напади како одмазда за воздушните напади на САД против џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија.
Во предупредувањето Амбасадата наведува дека нема информации за конкретни опасности, но дека се уште постои огромна можност од терористички напади во Турција.
Дипломатското претставништво побара од Американците да бидат посебно внимателни во источните и југоисточните турски провинции.