Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”

Од:

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, на потегот од крстосницата со булеварот „8-ми Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“, во периодот од 07.00 – 22.00 часот ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.

Поради тоа, на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ