Косовскиот исламист Лавдрим Мухаџери и Босанецот Имамовиќ на црната листа на Стејт департментот

Од:

Американскиот Стејт департмент вчера донесе одлука да стави 12 команданти на терористички групи на црна листа, меѓу кои се најдоа и Лавдрим Мухаџери, косовскиот исламист кој стана озлогласен низ Балканот и босанскиот исламист Нусрет Имамовиќ.

– Лавдрим Мухаџери е косовски Албанец, странски борец во ИСИЛ. Мухаџери стана познат во меѓународната јавност откако во јули 2014 година на фејсбук објави фотографии од себе, како убива младо момче сечејќи му ја главата. Нусрет Имамовиќ е босански терористички водач кој дејстува во Сирија. По пристигнувањето во Сирија, Имамовиќ активно поддржува насилен екстремизам и се верува дека се бори во редовите на фронтот Ал Нусра, соопшти Стејт департментот.

За Мухаџери имаше информации во косовските медиуми дека бил ранет, па дури и убиен во борба со курдски герилци во северна Сирија и не е потврдено со сигурност дали се уште е жив.

Со ставањето на црна листа, на сите американски компании и граѓани им се забранува да имаат односи со 12-те лица, а нивниот имот кој е достапен до американските власти ќе биде замрзнат. На списокот има терористи од Чеченија, Египет, Саудиска Арабија, Мароко, но и Абу Хамза кој организирал исламистичка група низ скандинавските земји.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени