Едукативни активности за безбедност во сообраќајот

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Кавадарци ќе присуствува на превентивно – едукативните активности во рамки на акцијата „Безбедно управување моторцикл и патнички автомобил“ што ќе се одржат во дворот на средното училиште „Добри Даскалов“.

Овие активности се рализираат во организација на Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со СОУ „Добри Даскалов“.

На спротски терен во училиштето ќе бидат поставени возила и опрема со кои располага Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои што учениците ќе можат поблиску да се запознаат и да ги разгледаат.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава