Синот на Шумахер сака да се трка во Формула 1

Од:

Синот на Михаел Шумахер, 15-годишниот Мик изрази желба да се натпреварува во шампионатот во Формула 1.

Тој под името Мик Јуниор минатиот викенд заврши на второто место на шампионатот во Франција, а пред финалните возења победи на четирите подготвителни трки и покажа дека има потенцијал да тргне по стапките на неговиот татко.

mihael-mick-shumaher

– Горд сум на остварениот резултат. Јасно е дека ова е само почеток на мојата кариера во која се надевам еден ден ќе станам светски шампион во Формула 1.

Таткото на Мик, легендарниот Михаел Шумахер, е седумкратен светски шампион во Ф1. На крајот од минатата година по пад на скијање на Алпите во Франција тешко се повреди, а сега се наоѓа во својата куќа во Швајцарија каде продолжува со закрепнувањето.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур