Над илјада лица се уапсени во операција без преседан против организираниот криминал во Европа, соопшти европската полициска агенција Европол.
Апсењата биле извршени меѓу 15 и 23 септември.
– Ова е најголемиот координиран напад врз организираниот криминал, некогаш спроведен во Европа, изјави директорот на Европол, Роберт Венрајт.
Тој истакна дека во акцијата учествувале над 20 илјади припадници на силите за зачувување на редот.