Не ја пуштајте Украина во НАТО

Од:

По повикот на украинскиот министер за надворешни работи Арсениј Јацењук да и се дозволи на Украина да му се приклучи на НАТО, украинскиот претседател Петро Порошенко веќе ја најави својата желба да се обезбеди „специјален статус“ за Украина во НАТО. Но нити членството во НАТО, ниту пак каква било  друга привилегирана асоцијација со Алијансата смее да биде опција за Украина.

За да се разбере зошто е ова исправна политика, западните лидери треба да го прочитаат говорот на рускиот претседател Владимир Путин од 18 март, со кој тој ја најави анексијата на Крим. Со ставот дека Русија била присилена да го анектира Крим за да се сопре можноста Укаина да се приклучи на НАТО, Путин потенцираше дека западот „не излажа многу пати. Ова се случуваше со проширувањето на НАТО кон исток… НАТО останува воена алијанса. Не сакам да бидам дочекан во Севастопол од морнари на НАТО“.

Германскиот канцелар Ангела Меркел го опиша Путин како „да е во друг свет“, но светогледот на Путин претставува општоприфатен консензус во Русија. Во интервју во 2008 за Дејли телеграф, дури и поранешниот претседател Михал Горбачев горчливо прокоментира дека „САД го прекршија ветувањето дека НАТО нема да излезе од границите на Германија по Студената војна, но сега половина од централна и источна Европа се членки, и што стана со нивните ветувања?“

Што значи тоа што го вели Путин кога потенцира дека проширувањето на НАТО е кршење на ветувањето дадено кон Русија? Додека деликатниот прекин на огнот во Украина виси на конец, императивно е западните лидери да го сфатат историскиот контекст кој доведе до носење на одлуките на Москва за време на кризата.

На неколку средби во Москва во февруари 1990 година, американски, советски и западногермански лидери ги прифатија условите за германско обединување и за иднината на НАТО. Во разговор со Михаил Горбачев во Москва на 9 февруари, американскиот државен секретар Џејмс Бејкер на советскиот лидер му рекол дека ако Германија се приклучи кон НАТО, „дека нема да има проширување на НАТО ниту еден инч кон исток“.

Горбачев, како што навел во неговите мемоари, одговорил дека никакво проширување на „зоната на НАТО“ не е прифатливо за советите, изјава со која Горбачев истакнал дека Бејкер прифатил и изјавил „се согласуваме со тоа“. Истиот ден, германскиот министер за надворешни работи Ханс Дитер Геншер, на советскиот министер за надворешни работи Едуард Шевернаѕе му рекол дека „едно е сигурно: НАТО нема да се шири на исток“.

Уверен со ветувањето дека западните заложби се цврсти за непроширување на НАТО, Горбачев јавно ја дал својата согласност за принципелното германско обединување. За несреќа по наследниците на Горбачев, поранешниот советски лидер наседнал на тоа што во основа било вербално уверување во врска со проширувањето на НАТО од неговите западни партнери.

Иако ништо правно не произлегло од превртливата игра по преговорите на Горбачев со западните лидери, Џек Метлок, американски амбасадор во Советскиот Сојуз од 1987 до 1991 година, објаснил дека иако источна Европа не била „посебно спомната, дека секој би се согласил дека ветувањето било прецизно уверување дадено во однос на Источна Германија“.

И покрај ова, вербата на Русија дека добиле ветување од западот дека НАТО нема да се прошири, алијансата – и покрај жестоките забелешки од Москва – ги ставила Чешката Република, Унгарија и Полска под своја закрила во 1999 година. НАТО потоа ги приклучил и Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија во алијансата во 2004 година – и така НАТО стигна до прагот на Русија – и уште еднаш Русите беа прелажани.

Не помага тоа што неколку часа пред церемонијата со која се прифатиле новите седум членки, четири Ф-16 ловци на НАТО биле распоредени во Литванија, а набљудувачки авион летал на 75 милји од руската граница. Истовремено, Русија беше преслаба да го спречи понатамошното проширување на НАТО и беше доведена до закана да ги преиспита своите нуклеарни и безбедносни политики кон НАТО. Со приемот на Хрватска и Албанија во НАТО во 2009 година, 12 нови земји од источна Европа се приклучија на НАТО по нивното отцепување од Советскиот Сојуз.

Иако настаните од пред две децении можеби за Американците изгледаат како далечна историја, за Русија – земјата која страдаше од бројни инвазии од запад – очигледното предавство во донос на проширувањето на НАТО е лекција дека на западот не може да му се верува.

– Не можам да го читам умот на Путин, рече Метлок. „Но претпоставувам дека можното членство на Украина во НАТО, за Путин е еднакво на советските ракети на Куба за Кенеди“.

Во овој контекст, акциите на Путин се лесни за разбирање на секој западен стратег. Иако некои сметаат дека примарната мотивација на Путин за спречување на преориентацијата на Киев кон запад е стравот дека украинската демократија ќе доведе до „обоена револуција“ во Русија, ова го објаснува случајот.

Од културни, историски, економски и воени причини, статусот на Украина секогаш ќе биде фундаментална грижа за Москва. Русија на Украина гледа исто како што Кина гледа на Тајван, и ниту еден руски лидер – без разлика дали е авторитарен националист како Путин или либерал во западен стил – не може да дозволи да стои настрана и ништо да не стори додека гледа како западот ја внесува Украина во својата орбита.

Кога ова ќе се разбере, реалполитиката ќе покаже дека единственото изгледно решение за долгорочната безбедност на Украина е неутралност. Освен ако западот не се подготвува да ризикува конфликт кој може да прерасне во нуклеарен, западните патрони на Украина треба да го притискаат Киев да внесе формална заложба за неутралност во новиот украински устав.

И кога западот и неговите клиенти во Киев можеби негодуваат Москва да не стави вето за украинскиот безбедносен избор, геополитичкиот статус на Русија кон Украина ефективно води кон вето, и нема причина да се преправаме дека не е така.

Неутралноста беше ефикасна и за Финска и за Австрија за време на Студената војна, и нема причина да не се земе нешто слично предвид и за Украина. Со тоа ќе се испрати силен сигнал до Москва дека западот ги почитува руските безбедносни интереси, и дека 2014 не е повторување на 1990 година. Руските рани од 1990 може да продолжат да влијаат на односите помеѓу Москва и западот, но настаните од таа болна година им даваат на политичарите од ЕУ и САД јасна водилка во помошта да се реши сегашната криза.

Џош Коен е поранешен службеник на американскиот Стејт департмент надлежен за проекти за економски реформи во порашениот Советски Сојуз. Во моментов работи за компанија за сателитски технологии и пишува за неколку специјализирани медиуми за надворешна политика.

Москоу тајмс – Москва

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство