Грчката Влада може да предложи и неполитичка личност за шеф на државата

Од:

Грчката коалициска Влада во март може да предложи неполитичка личност за претседател на земјата со цел да обезбеди консензус и да се избегнат предвремени избори кои би можеле да го попречат нејзиниот економски напредок, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

Иако улогата на грчкиот претседател е главно церемонијална, неуспехот на Парламентот да избере шеф на државата ќе предизвика предвремени парламентарни избори со неизвесен победник по што земјата ќе ја зафати и политичка криза, коментираат медиумите.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Венизелос рече дека Владата е отворена за кандидати кои не мора да бидат политичари, туку и академици, дури и од областа на култура, со што ќе се прекине децениската традиција.

– Листата за претседател е многу ограничена. Имаме некои сценарија, но апсолутно сме отворени, рече Венизелос во Њујорк каде што присуствуваше на Генералното собрание на ОН. Тој не ги откри имињата на кандидатите кои би го замениле актуелниот претседател Каролос Папуљас, чиј петгодишен мандат завршува во март.

Ако Парламентот избере „неполитичар“, тоа ќе биде првпат од 1985 година, кога покојниот социјалистички премиер Андреас Папандреу предложи судија на Врховниот суд за претседателската функција.

– Јас сум оптимист, бидејќи јавноста е против идејата за предвремени избори. Огромно мнозинство од јавното мислење многу добро ја разбира потребата од обебзедување на политичката стабилност на Владата, рече Венизелос.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит